Британија зафатена од силно невреме, откажани авионски летови и фудбалски натпревари

by Fokus

Силни ветришта и поројни дождови зафатија поголем дел од Обединетото кралство, каде патниците се соочени со големи проблеми заради невремето Кјара.

Во повеќе региони регистрирани се помали поплави и едно предупредување за опасна поплава, која претставува и опасност за човечките животи во северен Јоркшир.

Во Хејстингс , полицијата и крајбрежните служби поддржани со хеликоптери трагаат по еден исчезнат сурфер.

Бритиш Ервејст откажа повеќе редовни авионски линии од аеродромите Хитроу, Гетвик и Лондон сити, додека Вирџин Атлантик на својот вебсајт објави цела листа со откажани летови.

Луѓето кои користат фериботи исто така се соочени со откажани или одложени патувања а силните ветришта од над 140 км на час, предизвикаа и откажување на повеќе спортски натпревари, како натпреварот од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Вест Хем.

Поврзани новости