Британија со 18 милиони фунти против ширење лажни информации во Источна Европа и на Балканот

by lali

Во наредните три години британската влада ќе одвои 18 милиони фунти (22,5 милиони долари) за борба против ширењето лажни информации во земјите од Источна Европа и за поддршка на независните медиуми во земјите од Западен Балкан.

-Важно е да се создаваат услови за непречено работење на новинарите, истакна британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант пред планираната Глобален конференција за слободата на медиумите што ќе се одржи на 10 и 11 јули во Лондон.

-Со оглед на фактот дека само 10 отсто од населението во светот има пристап до слободните медиуми, лажните вести и дезинформациите продолжуваат да ги поткопуваат и дестабилизираат јавноста, предупреди Хант.

-Целта на таа конференција ќе биде да работам со моите колеги, за да се договориме за начини на заштита на слободата на медиумите, како и да се подготват казнени мерки против оние кои се обидуваат да посегнуваат на таа слобода, истакна британскиот министер за надворешни работи.

Поврзани новости