Британската влада соопшти дека ќе испрати 1.200 војници за да го пополнат недостатокот што го оставија возачите на брзата помош и граничниот персонал кои штрајкуваат, особено по најавите на голем број синдикати од јавниот сектор кои организираат штрајкови во неделата пред Божиќ.
Возачите на Брзата помош најавија штрајк за среда, приклучувајќи им се на болничарите, железничкиот персонал, службениците за пасошка контрола и поштенските работници, кои планираат да штрајкуваат во наредните недели.
Најmasovniot бран штрајкови во Велика Британија во последните неколку децении е одговор на кризата со трошоците за живот, предизвикана од скокот на цените на храната и енергијата како резултат на пандемијата „Ковид-19“ и руската инвазија на Украина.
Околу 417.000 работни денови беа изгубени поради штрајковите во октомври, што е најголем број во последните десет години.
Синдикатите бараат зголемувањето на платите да биде во чекор со инфлацијата, која беше 10,7 отсто во ноември, малку пониска во октомври, но сепак на највисоко ниво во последните 40 години.
Британската конзервативна влада обвини дека двоцифреното зголемување на платите дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и и ја префрли вината на синдикалните лидери кои наместо да работат , заговараат штрајкови.
Владата смета на јавното мислење за да се сврти против синдикатите бидејќи луѓето ширум Британија се соочуваат со одложени термини за болници, откажани возови и одложени патувања среде празничната сезона.
Сепак, анкетите покажуваат дека владата има високо ниво на поддршка за работниците, особено за медицинските сестри и болничарите чии штрајкови низ Англија, Велс и Северна Ирска се први во 100-годишната историја на нивниот синдикат.
Болничарите и екипите на брзата помош велат дека ќе продолжат да одговараат на итните повици за време на штрајкот.