787
Британската здравствена регулаторна агенција го разгледува предлогот за ограничување на вакцинацијата на младите луѓе со Астра Зенека поради загриженост за создавање тромб, јави британскиот Канал 4 вести.
„Двајца високи извори рекоа дека, и покрај се уште нејасните податоци, постојат се поголеми аргументи дека на помладите, барем на оние под 30 години, треба да им се понудат други вакцини“, јави британската телевизија.
Британската Регулаторна агенција за лекови (МХРА) претходно соопшти дека придобивките од вакцината во спречувањето на коронавирусот се многу поголеми од можниот ризик од појави на крвни засироци.