Ментално болна жена од областа Сари во Англија била пронајдена во „мумифицирана, речиси скелетна состојба“ во куќата во која живеела – откако таму лежела мртва повеќе од три години, соопшти нејзиното семејство, а пренесуваат британските медиуми.
Според роднините, Лора Винам (38) била пронајдена мртва од нејзиниот брат во мај 2021 година, откако била „напуштена и оставена да умре“ од Националната здравствена служба (NHS) и социјалните служби, пишува Би-би-си.
Се верува дека таа починала во ноември 2017 година, откако во претходните години двапати била пријавена во социјалните служби, во она што властите во Сари го опишаа како „навистина трагичен случај“.
Лора Винам имала шизофренија и била отуѓена од семејството поради верувањето дека ќе и наштетат, а живеела во Вокинг, Сари, во еден од британските станбени населби со ниски приходи.