349
Украинскиот претседател Володимир Зеленски в недела ќе отпатува за Јапонија за да им се придружи на лидерите на Г7 на самит во Хирошима, изјави извор од Европската унија. Претходно беше најавено дека лидерите на Г7 ќе објават нови санкции против Русија.
На почетокот на денешниот состанок, Британија најави нови санкции против руската рударска индустрија, пред се за алуминиум, дијаманти и бакар, со цел да се намали капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украина.
„Како што покажуваат денеска објавените санкции, Г7 ќе остане обединета пред руската закана и цврста во поддршката за Украина“, изјави британскиот премиер Риши Сунак. Во 2021 година Русија извезла дијаманти во вредност од околу 4 до 5 милијарди долари.
фото: ЕПА