Велика Британија ќе и плати на Франција околу 543 милиони евра во следните три години за да помогне во запирање на бранот мигранти кои пристигнуваат во Британија, со брод.
Договорот го објавија британскиот премиер Риши Сунак и францускиот претседател Емануел Макрон за време на самитот посветен на обновата на нивните односи по долгогодишниот спор околу Брегзит.
Тоа беше првиот самит на двете земји, постојани членки на Советот за безбедност и нуклеарните сили, во последните пет години.
Според договорот, Британија ќе помогне во финансирањето на центрите за притвор во Франција.
Двете земји, исто така, се согласија да испратат службеници од нивните агенции за борба против криминалот во земјите на рути кои често ги користат шверцерите на луѓе.
Парите ќе се исплаќаат етапно.