Со новите Ковид протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во земјата.
Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.
Обединетото кралство го прифаќа нашиот сертификат за примени вакцини, за оние кои ги признава – Модерна, Џонсон (една доза вакцинаaccine), Новавакс, Астразенека, Фајзер, Синофарм и Синовак, а ЕУ дигиталниот ковид-сертификат за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 г.
Дополнително, невакцинирани се сметаат оние лица без ниту една или само со една вакцина (освен ако е Џонсон) или лица кои имаат примено вакцина чиј сертификат Британија не го признава, на пример Спутник.
Од МНР потсетуваат дека на македонските државјани за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој.
Што се однесува до Франција македонските државјани можат да влезат во земјата доколку се вакцинирани, односно примиле една од следниве вакцини: Фајзер, Модерна, Астразенека, и Џонсон и Џонсон (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA), при што треба да се поминати 28 дена од Џонсон и Џонсон вакцината, како и 7 дена од трета доза вакцина Фајзер за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на вакцинација.