534
Британските власти одлучија да ги одложат ограничувањата наметнати поради епидемијата на коронавирус кои требаше да бидат укинати на 21 јуни.
Владини извори за Би-би-си изјавија дека најновите правила ќе останат на сила уште најмалку четири недели по овој датум.
Ова значи дека ноќните клубови ќе останат затворени и вработените ќе продолжат да работат од дома, доколку тоа го дозволуваат условите.
Премиерот Борис Џонсон, кој викендов предупреди дека ширењето на делта-сојот е причина за загриженост, се очекува да ја објави оваа одлука на прес-конференција во текот на денот.