675
Британскиот министер за здравство Саџид Џавид денеска потврди дека британската влада ќе ги укине на 19 јули повеќето преостанати ограничувања наметнати за да спречи ширењето на Ковид-19.
– Иако решивме да не воведеме четврти чекор, не гледаме причина да ги продолжиме ограничувањата по 19 јули, рече Џавид пред Парламентот, додавајќи дека тој го поминал првиот ден во својата нова улога проучувајќи податоци за случаи на коронавирусот, смртни случаи и хоспитализации.
– Нашата цел е датумот 19 јули. Премиерот го нарече датум на крај. За мене, 19 јули не е само крај …туку е и почеток на ново возбудливо патување за нашата земја, нагласи британскиот министер.