Британец починал на одмор, се обидел да испие 21 коктел во хотелски бар

by Fokus

Маж од Британија (53 годишен) починал на одмор во Јамајка откако се обидел да ги испие сите 21 коктел од менито во барот.

Извесен Тимоти Саутерн почина во мај минатата година, откако го прифати предизвикот да пие алкохол во хотелски бар покрај базен.

53-годишникот бил на одмор со својата сестра, децата и другите роднини кога се случила трагедијата.

Тимоти Саутерн, од Личфилд, Стафордшир, испил 12 коктели кога отишол во својата соба.

„Беше на грб и се гушеше. Го ставив во положба за опоравување, повраќаше, барав помош, викав…“, вели негов роднина.

Кога пристигнала медицинската сестра, очекувале да се грижат за пациентот и да го однесат во болница, но тоа не се случило.

„Забележав дека почна да се лади. Му го проверив пулсот и не можев да го најдам. Го погледнав во лицето и помислив дека починал. Викав: не седи само да го гледаш, почни со реанимација“, рекол роднината.

Според него, направена е само компресија на градниот кош.

„Можеби да знаеше што прави, можеби тој сепак ќе беше тука. Услугата и третманот што го доби беа лоши“, тврди роднината.

Истрагата утврдила дека Тимоти веќе пиел ракија и пиво наутро кога се сретнал со две Канаѓанки кои се обидувале да извршат предизвик од 21 коктел пред полноќ за да прослават еден од нивните родендени.

Патолог од Кингстон, Јамајка, ја навел причината за смртта како „акутен гастроентеритис поради консумирање алкохол“.

По неговата смрт, семејството собрало речиси 10.000 фунти на GoFundMe за да го вратат во Англија откако дознале дека патничкото осигурување што мислеле дека го има преку неговата банка всушност не ги покрива трошоците.

Поврзани новости