Брисел: Нема да ги признаеме изборите на 5-ти јуни

by Фокус

Европската комисија смета дека не се обезбедени ни минимални услови за предвремени избори во јуни и најави дека владата од тие избори нема да биде прифатена од меѓународната заедница.

Портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич, во изјава за Дојче Веле, упати остра порака до политичките лидери во Македонија и потенцираше дека последните потези „ќе имаат сериозни последици“.

Таа нагласи дека Комисијата во повеќе наврати ја посочила потребата за прочистување на гласачките листи, обезбедување на балансирани медиумско известување и истражување на заканите врз гласачите.

Коцијанчич потенцира дека било која влада која ќе резултира од избори во кои трите најголеми партии не учествуваат нема да биде кредибилен партнер за меѓународната заедница.

Поврзани новости