547
Европската комисија е без коментар засега за случајот „Рекет“, по вчерашниот притвор на шефицата на СЈО, Катица Јанева.
Од ова тело порачаа дека очекуваат целосна истрага околу целиот случај и по добивањето јасна слика, ќе излезат со коментар.
„Не ги коментираме истрагите кои се во тек. Важно е да се продолжи борбата со криминалот на високо ниво и да се воспостави правна одговорност за било каков криминал. Ситуацијата е многу комплексна и чекаме да добиеме јасна слика и повеќе информации па да излеземе со свој став“, велат од ЕК.