Оценската мисија што Брисел ни ја праќа за проверка на работата на Судскиот совет ќе биде составена од екперти кои веќе биле во вакви или слични тела во држави членки на ЕУ. Но, дали нејзината мисија ќе биде успешна или не, сепак зависи од домашните судии, но и од политичарите тука, вели евромабсадорот Гир во интервју за МИА.
-Ова буквално значи дека испраќаме луѓе на исти позиции, значи судии, луѓе кои биле дел од судските совети на различни земји членки на ЕУ, да дојдат, да видат каква е ситуацијата, да го разгледаат законодавството за да видат дали има одредени слабости кога станува збор за транспарентност, кривична одговорност, да се сретнат со сите засегнати страни со цел да видат како е спроведено, и потоа да дадат препораки кои би требало да го зајакнат Советот за да си ја врши својата обврска, која, како што кажав, е да ја заштити независноста, интегритетот и професионалноста на судиите. Дали мисијата ќе биде успешна или не, не зависи од неа. Вие може да ја имате најдобрата оценска мисија во светот со одлични препораки, но зависи од политичката волја на Владата, на судиите и на партиите дали на судството ќе му биде дозволено да си ја врши работата, изјави Гир.
Оценската мисија од ЕУ се најавува по случувањата во судскиот совет и ниската доверба во правосудството.