Бремена жена во Ајдахо си го убила 2-годишниот син, па се самоубила

by Fokus

Полицијата во Ајдахо пронашла безживотни тела на бремена жена (33) и нејзиниот 2-годишен син во дом во северниот дел на Ајдахо, соопштија тамошните власти.

И двајцата имале прострелни рани, а прелиминарната истрага покажува дека мајката Елизабет Лоли (33) пукала и го убила момчето, а потоа и себе си, пренесе „NBC News“

„Денеска беше исклучително тежок ден за семејството, за нашата канцеларија и за оваа заедница. И можам само да замислам низ што поминува семејството“, се вели во објавата на Фејсбук од локалниот шериф на округот Шошон, Холи Линдзи.

Самоубиството е една од водечките причини за смрт во САД и е во пораст во изминатата деценија, според Центрите за контрола и превенција на болести.

Поврзани новости