Косовец е осомничен за убиство на бремена жена во Италија.
27-годишната Ванеса Балан, која била во третиот месец од бременоста, била убиена на прагот од нејзиниот дом. Таа била удрена неколку пати во лицето и најмалку седум пати прободена со нож во градите.
Осомничениот Б.Ф. (41) бил уапсен во близина на неговиот дом, исто така, во провинцијата Тревизо.
Заменик-обвинителот од Тревизо, Микеле Пермуниан и лекарот Антонело Цирнели, веднаш дошле на местото и ја завршиле истрагата. На рацете на жената има одбранбени повреди, што потврдува како жртвата се обидела да се спаси од бесот на убиецот.
Дечкото на Ванеса рече дека жртвата го пријавила осомничениот за следење во октомври. Од тој извештај почнаа истрагите на правосудните органи, очигледно без практични резултати.
Осомничениот бил муштерија на супермаркетот „Еуроспин“, каде што до пред извесно време работела Ванеса Балан – пред да замине на породилно, бидејќи го чекала своето второ дете.
Како што пишуваат медиумите, тој често ја следел Ванеса, доаѓал на нејзиното работно место и ја малтретирал, па полицијата веднаш почнала да го бара.
Телото на Ванеса го пронашол нејзиниот партнер откако се вратил од работа. Тој бил во состојба на шок, но успеал да им даде корисни информации на истражителите.
Нивното четиригодишно дете во моментот на злосторството било во градинка.
Инспекторите сега се обидуваат да го откријат мотивот зад ужасното злосторство.