Како што јавуваат германските медиуми, денеска имало пукање во западна Германија, поточно во градот Хаген, во кое се ранети четири лица.
Осомничениот сторител, 34-годишниот Мехмет О., наводно ја застрелал својата бремена сопруга, а потоа предизвикал хаос бегајќи од местото на злосторството.
Инцидентот започнал кога Мехмет О. ја застрелал својата бремена сопруга во главата во нивниот заеднички стан.
Во моментов лекарите се борат за нејзиниот живот, додека сторителот побегнал од местото на злосторството.
Gestern #Mannheim. Heute in 🇩🇪 schon die nächste Horror-Tat in #Hagen. Mehmet Ö. schießt seiner schwangeren Frau in den Kopf! Dann fährt er zu einem Friseursalon. Dort verletzt er drei weitere Personen mit Schüssen. Mutmaßliches Motiv: im „familiären Bereich“ pic.twitter.com/YTV4aMv4y1
— Zara Riffler (@ZaraRiffler) June 1, 2024
Откако избегал од станот, насилникот истрчал на седмиот кат од зградата и испукал неколку куршуми во заклучената врата од станот, но никој не повредил.
Потоа влегол во својот „мерцедес“ и се упатил кон фризерски салон каде повредил уште три лица пред да побегне од местото на настанот.
Роднина на осомничениот за медиумите изјави дека бил шокиран кога дознал за овој настан, нагласувајќи дека осомничениот немал проблеми и го опишал како многу мирен човек. Тој додаде дека осомничениот и неговата сопруга имаат четири деца, што го прави овој случај уште побизарен.
Полицијата веднаш започнала опсежна потера по осомничениот во бегство. Во воздухот се ангажирани дронови, а детално се пребаруваат шумите во близина.
Специјални единици од цела Северна Рајна-Вестфалија се на терен, користејќи полициски хеликоптери и кучиња трагачи во напорите да го фатат осомничениот.