Норвешкиот ултрадесничар Андерс Беринг Брејвик, кој уби 77 луѓе во 2011 година, повторно ја тужи норвешката влада со желба да го прекине престојот во самица, објавија денеска норвешките медиуми.
Брејвик е во самица од неговото осудување во 2012 година и немал контакт со други затвореници додека ја отслужувал казната, изјави адвокатот Листен Сторвик.
Тој за норвешката агенција НТБ изјави дека Брејвик на почетокот на годината бил префрлен од еден во друг затвор, но оти, како што вели, не е постигнат напредок во однос на контактите со другите затвореници.
-Тој нема контакт со никого освен со затворските чувари – рече Сторвик, додавајќи дека тоа е кршење на човековите права.
Во последната пресуда, судот заклучи дека Брејвик мора да остане во самица бидејќи тој сè уште претставува потенцијална закана и постои „јасен ризик“ да се врати на однесувањето што го натера да го изврши масакрот пред 11 години кога уби 77 луѓе во летен камп.
На Брејвик му се заканува максимална затворска казна од 21 година, а во 2016 година успешно ја тужеше норвешката влада за кршење на човековите права, жалејќи се на изолација од други затвореници, чести претреси во ќелиите, квалитетот на затворската храна.