Дарко Гелев Брејк, кој во музичките ризници ги остави легендарните балади ,,Болиш”, ,,Бестрага”, ,,И после се”… отвора ново радио.
Станува збор за радио станица која ќе емитува народна музика и ќе се вика ,,Естрада”. Веста ја потврди во емисијата ,,Скопје Але Але”, потенцирајќи дека радиото ќе биде број еден, кога станува збор за емитување на радио програма.
Музичарот и бизнисмен се појави на сцената на свои 15 години, кон средината на осумдесеттите години,како член на групата ,,Вудсток”. Беше дел и од ,,Октавијан”, а потоа започна соло кариера.
И покрај големиот успех на сцената, од поодамна не е музички активен. Лани во ноември беше гостин на акустичниот концерт на ,,Нокаут” во Македонска Филхармонија, а неговото појавување на сцената беше топло поздравено од публиката.
Иако е познат како музичар кој оставил евергрини без рок на траење, сепак нема најава за негово враќање на сцената со нови материјали, и изминативе години тој е посветен на своите радио станици.
Вики Клинчарова