Бред Пит верува дека страда од прозопагнозија, болест која оневозможува да препознавате лица

by Fokus

Бред Пит (58) неодамна во интервју за GQ изјави дека мисли дека има прозопагнозија, ретко пореметување поради кое луѓето не можат да препознаваат лица, пренесува „Yahoo“.

Бред изјавил дека веќе подолго време има проблем со препознавањето на лицата на луѓето и дека се грижи дека неговото нарушување ќе доведе до тоа луѓето да го гледаат како недостапен, вообразен и недостапен.

Иако на актерот никогаш не му било дијагностицирано ова нарушување, Пит неколку пати истакнал дека има прозопагнозија.

„Толку многу луѓе ме мразат затоа што мислат дека не ги почитувам“ – изјавил актерот во 2013 година за „Esquire“.

 

Поврзани новости