701
Apple Studios потврди дека компанијата ги добила правата за снимање филм за Формула 1, со холивудската ѕвезда Бред Пит, а продуцент ќе биде 7-кратниот светски шампион Луис Хамилтон.
Сценариото го напишал Арон Кругер, а ќе го режира Џозеф Косински. Двајцата работеа заедно на продолжението на хитот „Top Gun“ од 1986 година – „Top Gun: Maverick“, кој сега се прикажува во кината ширум светот.
Новиот Формула 1 филм допрва треба да биде именуван, а Бред Пит ќе игра пензиониран возач кој се враќа на патеката за да вози со дебитантскиот тимски колега и двајцата се борат со фаворитите во шампионатот.