Со заедничка декларација во која 2030 е зацртана како година кога најдоцна би се случило следното проширување на Унијата, денеска заврши десеттиот самит на претседатели од регионот, како дел од Процесот Брдо – Бриони.
Претседателите на Македонија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина по пауза од два самита денеска успеја да ја усогласат заедничката декларација за забрзување на зачленувањето на регионот во ЕУ.
Иако зад овој датум застанаа сите на состанокот, прв кој изрази скпетицизам во неговото исполнување и тоа веднаш по излегувањето од салата беше српскиот претседател, Александар Вучиќ.
-Тоа се убави желби, кој сум јас да го уривам оптимизмот – рече тој.
Претседателите на земјите основачи на Процесот Брдо – Бриони, хрватскиот, Зоран Милановиќ и на Словенија, Наташа Пирц Мусар, по состанокот со порака дека двете земји можат да го помогнат интегрирањето на регионот да не се пролонгира уште повеќе.
Македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој беше домаќин на овогодишниот самит, пак, изнесе јасен став дека регионалната клаузула секогаш била обврзувачка при пристапувањето, но, според него, во случајот на Македонија постои дебаланс меѓу критериумите за членство и билатералните односи.
Од Процесот Брдо – Бриони беше испратено и едно „не“ за идејата на францускиот претседател, Емануел Макрон, за Европа со повеќе брзини, во контекст на нејзиното проширување.
-Ако постои таков предлог, така не може да функционери – рече хрватскиот претседател Милановиќ.