Фарија изјави дека Болсонаро се чувствува лошо и оти отишол во болница на тестирање бидејќи има историја на интестинална опструкција.
Медиумите потсетуваат дека Болсонаро беше хоспитализиран во јануари поради интестинална опструкција, која беше отстранета и потоа не беше потребна операција. Блокадата беше неговата последна компликација кога беше прободен со нож во стомакот за време на кампањата во 2018 година.
Тој потоа беше нападнат на предизборен митинг во јужниот град Јуиз де Фора и беше прободен во црниот дроб, белите дробови и во цревата. Имаше четири операции поради нападот со нож.
Тој пред неколку месеци тврдеше дека вакцините не го намалуваат ризикот од заразување со болеста и предизвикуваат други заразни болести.
Фејсбук и Јутјуб го отстранија од своите платформи видеото на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, во кое тврди дека вакцините против ковид-19 се поврзани со развојот на сидата.