Новоизбраниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва вечерва се обрати на Твитер, откако денеска поддржувачи на поранешниот претседател Болсонаро упаднаа во Конгресот, Врховниот суд и претседателската палата, при што се судрија и со полицијата.
-Тие луѓе, кои ние ги нарекуваме фашисти, најодвратното нешто во политиката, ја нападнаа палатата и конгресот. Кој и да го направи ова, ќе го најдеме и ќе го казниме. Демократијата го гарантира правото на слободно изразување, но исто така бара од луѓето да ги почитуваат институциите. Ова што го направија денеска нема преседан во историјата на државата. За тоа мора да бидат казнети, напиша Лула.
Поддржувачите на Болсонаро не ги прифаќаат резултатите од изборите на кои победи левичарот Луис Инасио Лула да Силва.