562
Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, кој беше хоспитализиран во неделата, има интестинална опструкција – нарушување во цревата.
Ова утрово го потврдија од болницата „Вила Нова стар“ во Сао Пауло.
Болсонаро (66) бил примен во болница поради болки во стомакот и бил прегледан за да се утврди дали е неопходна операција, изјави лекарот на Болсонаро, Антонио Луис Маседо, објави „Ројтерс“.
Бразилскиот претседател изјави дека ова е негова втора хоспитализација со исти симптоми откако беше избоден за време на претседателската кампања во септември 2018 година.
Претседателот беше примен во болница во јули минатата година поради интестинална опструкција, а потоа не му требаше операција за да закрепне, пренесува АП.