Бразилскиот претседател има план за крај на војната во Украина

by Фокус

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вели дека смислил како да се стави крај на судирот меѓу Русија и Украина, но дека својот план нема да го сподели со никој додека следната недела не му го претстави на украинскиот лидер Володимир Зеленски.

-Ќе му го кажам своето мислење, што мислам јас. Знам како може да се реши ова, но нема да кажам никому – рекол тој пред новинарите.

Тој одбил да објави детали од својот предложен мировен план, но рекол дека судирот би можел да се реши како што е завршена војната на Аргентина со Обединетото Кралство во 1982 година, кога Аргентина извршила инвазија на Фолкландските острови под британска контрола, што го навело Обединетото Кралство да прати голема поморска оперативна група.

Поврзани новости