Бразилскиот претседател им даде поддршка на протестите за укинување на мерките против ковид

by Fokus

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е среќен што се одржал протест против социјална дистанца во пандемијата, додека во исто време неговата земја бележи неславен рекорд од 90.303 новозаразени лица на ден.

Неговата изјава следи само еден ден откако Бразил забележа уште поцрн рекорд со над 2.800 смртни случаи од ковид-19 за еден ден.

-Логично е да сум среќен за ваквите протести. Тие покажуваат дека луѓето се живи – ние ја сакаме нашата слобода, сакаме светот да го почитува нашиот став, коментираше Болсонаро на социјалните мрежи.

Болсонаро во меѓувреме предложи личност за четврти министер за здравство од почетокот на пандемијата, откако го смени претходниот, по критиките од експертите во светот за брзото ширење на вирусот во Бразил, иако и самиот Болсонаро цело време укажува дека вирусот не е некоја сериозна закана.

Бразил има 11.693, 838 потврдени случаи на ковида-19. Вчера се регистрирани 2 .648 смртни случаи, што е втор најголем број на жртви од претходниот ден. Досега, вкупно 284 .775 лица починаа во оваа земја како резултат на ковид-19 во Бразил.

Најновите истражувања покажуваат дека рекорден број Бразилци не го одобруваат управувањето на Болсонаро со корона – кризата и дека тој лесно може да се најде во тешка ситуација на претседателските избори во 2022 година.

Според статистиката на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД имаат стапка од 161,5 смртни случаи на 100 000 луѓе, што ја позиционира на првото место на црната листа со 534.315 починати од вкупно 2.648,320 во светот.

Јужна Америка исто така е тешко погодена од пандемијата – со Мексико каде има малку пониска стапка од 152 смртни случаи на 100 .000 луѓе ( 194 490 починати) и Бразил со стапка од 128,1 смртни случаи на 100.000 луѓе (277. 102 починати).

 

Поврзани новости