Бразилски фудбалери од Киев: Ние сме затвореници!

by Fokus

Група бразилски фудбалери, кои настапуваат во украинското првенство, апелираа денеска до своите власти да ги евакуираат од Украина по рускиот воен напад што почна изутрината.

Во видео снимено во хотел во Киев, во кој се собраа десетина фудбалери заедно со своите сопруги и деца, е упатен апел до бразилската Влада да ги евакуира од нападната земја.

– Сите сме тука во хотелот. Состојбата е сериозна, а ние сме затвореници во Киев и чекаме решение како да излеземе. Во градот недостасува гориво, границите се затворени, воздушниот простор е затворен и не можеме да излеземе, порача Жуниор Мораеш, фудбалерот на Шахтјор од Доњецк, кој има и украинско државјанство.

Поврзани новости