Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем – Бразилецот Лукас Пакета (26) за четири наводни прекршувања на правилата за обложување.
Репрезентативецот на Бразил е обвинет дека намерно заработил жолт картон за време на четири натпревари во Премиер лигата во 2022 и 2023 година.
Спорни се натпреварите на Вест Хем против Лестер Сити (12 ноември 2022 година), Астон Вила (12 март 2023 година), Лидс Јунајтед (21 мај 2023 година) и Бурнмаут (12 август 2023 година).
ФА тврди дека Пакета „се обидел да влијае на исходот, однесувањето или кој било друг аспект или појава на тие натпревари со намерно барање да добие картон од судијата со несоодветна цел да влијае на обложувањето со цел едно или повеќе лица да профитираат од обложување“.
Медиумите на островот пренесуваат дека ФА истражувала сомнителни обложувачки активности речиси девет месеци околу четирите жолти картони што ги добила Пакета.
Бразилецот негираше вина и какво било сознание за сомнителните облози:
View this post on Instagram
Пакета пристигна во Вест Хем во 2020 година од Лион, а играше и за Милан и Фламенго.
Во последните месеци се појавија информации за негов можен трансфер во Манчестер Сити, но сега трансферот е под знак прашалник.