Талита до Вале, поранешна бразилска манекенка и член на елитната снајперска единица на Украина која документирала воени подвизи на Јутјуб, била убиена за време на руски ракетен истрел во Харков, пренесува Јутарни.
Талита била единствената членка на тимот што го преживеала првиот ракетен напад, тврдат други борци, а имала искуство и во претходни конфликти бидејќи се борела против Исламската држава во Ирак, што го документирала на нејзиниот канал на Јутјуб.
За време на нападот животот го загуби и поранешниот војник на бразилската армија Даглас Бурига, кој се врати во бункерот за да ја пронајде Талита.
За време на борбите во Ирак, Талита доби обука за снајперистка и им се приклучи на Пешмерга, вооружените сили на регионот Курдистан во Ирак. Таа, исто така, соработуваше со писател за да го претвори тоа свое искуство во книга.
Талита била студентка по право која учествуваше во спасување животни со невладини организации и работела како манекенката и актерка кога била помлада.
Откако го преживеала бомбардирањето во главниот град на Украина, Талита му објаснила на семејството дека не може многу да зборува бидејќи нејзината активност на мобилниот телефон ја следат руски дронови и дека ќе им се јави само за да ги извести дека е добро.
Последен пат со неа разговарале минатата недела, откако Талита се преселила во Харков.