Една жена е обвинета за трговија со диви животни, откако колумбиската полиција пронашла 130 отровни жаби во нејзиниот багаж на аеродромот во Богота.
Жабите биле пронајдени во мали пластични садови каде што обично се чува фотографски филм, биле дехидрирани и под стрес.
Бразилска државјанка, која патувала за градот Сао Паоло преку Панама, изјавила дека жабите ги добила како подарок од локалнта заедница во јужна Колумбија.
Локалната полиција соопшти дека секоја жаба може да достигне цена од околу 1.000 американски долари.
Секретарот за екологија на Богота, Адријана Сото, рече дека казната за поседување на една од овие жаби, познати како жаби харлекин, може да достигне околу 56 милиони пезоси (14.300 долари).
Нивните кожни жлезди произведуваат многу силен отров што во минатото го користеле домородците за да ги обложат врвовите на нивните ловечки стрели. Отровот е доволно силен за да убие мали животни.