Бразил: Нова истрага против Болонсаро за ширење лажни вести

by Fokus

Судија на Врховниот бразилски федерален суд нареди истрага против претседателот Жаир Болсонаро за објавување лажни информации во видео во кое тој ја поврзува вакцината против Ковид со Сида.

Одлуката на судијата Алехандер де Мораес, член на највисокото правосудно тело во Бразил, е одговор на барањето на сенатската комисија која во октомври го обвини бразилскиот претседател дека извршил сериозно недолично однесување во пандемија, а против Болсонаро се водат уште пет истраги, засега без резултати.

Предмет на новата истрага е видео во кое екстремно десничарскиот претседател цитира наводен официјален извештај на британската Влада кој „сугерира” дека луѓето кои се целосно вакцинирани против Ковид-19 развиваат Сида „многу побрзо од вообичаено”.

Британската Влада ги демантираше овие информации преку службата за проверка на факти на АФП, Бразилското друштво за заразни болести и други здравствени организации.

Видеото е повлечено од Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

Поврзани новости