Бразил не се откажуваат од Анчелоти

by Fokus

Функционерите на бразилската фудбалска репрезентација повторно ќе се обидат да го ангажираат Италијанецот Карло Анчелоти за свој селектор.

И покрај намерата на тренерот на Реал Мадрид да остане уште една година на клупата на шпанскиот тим, челниците на бразилската федерација не се откажуваат.

Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација, Едналдо Родригез изјави дека се надева дека ќе се сретне со Анчелоти во следните неколку дена за да разговараат за можноста тој да биде ангажиран.

„Го гледаме како еден од најдобрите фудбалски тренери во светот. Тој е победник и секој спортист што играл за него вели дека им недостига и дека тој е најдобриот тренер со кој некогаш соработувале“ – рече Родригез.

Анчелоти се заблагодари на Бразил за интересот, но минатиот месец изјави дека ќе остане до крајот на договорот со Реал, а неговиот договор со Мадрид истекува во 2024 година.

Бразил е без селектор откако Тите поднесе оставка по Светското првенство во Катар.

Поврзани новости