Нема скандал во последните месец дена од кој не излегува на виделина името на Артан Груби. Тоа само покажува дека овој човек заедно со Ковачевски се на врвот на една мафија на власт која умислила дека може да прави што сака, која ги злоупотребува функциите, крши закони и работи исклучиво во своја корист,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека доколку Јавното обвинителство сака да ги забошоти сите скандали за Артан Груби, ќе треба да користи цел шкаф за криење на досиејата, а не само една фиока.
Последниот скандал во низата, е информацијата дека братучедот на Артан Груби без дозвола и без соодветна документација почнал со изградба на хациенда од 160м2. Изградбата на оваа дивоградба е прекината од страна на општината Бутел и тоа го изнервирало Артан Груби, па почна со манипулации и лаги да подгрева етнички тензии. Но оваа карта веќе не му поминува кај граѓаните, а најмногу кај Албанците, кои видоа за каков лик станува збор, се наведува во соопштението.