Братучедите Груевски и Мијалков на суд ги бранат дури по четворица адвокати

by fokus

За разлика од обичните смртници кои едвај можат да си дозволат по еден адвокат, доколку против нив се води некаква кривична постапка, повеќето обвинети од СЈО, кои се поранешни функционери имаат по дури четворица адвокати.

Па така, екс премиерот Никола Груевски, кој е обвинет во неколку случаи на СЈО, на обвинителна клупа го придржуваат уште по четворица адвокати. На судењето за случајот „ТНТ“ го бранат адвокатите Димитар Дангов, Стерјо Зиков, Боро Тасевски и Еленко Милановски. Истите адвокати со исклучок на Милановски, во овој случај, го застапуваат и поранешниот министер, Миле Јанакиески.

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, пак, на судењето за масовното нелегално прислушување го застапуваат исто така четворица адвокати и тоа  Миле Петровски, Антонио АпостолскиЉупчо Шврговски и Петар Василев.

Меѓу адвокатите недостасува Никола Додевски, кој за време на истрагите на СЈО ги застапуваше речиси сите осомничени поранешни функционери. Но, штом почнаа судењата, од непознати причини се прекина неговиот ангажман.

В.В.

Поврзани новости