Скопјанецот Јонуз Идризи е убиенот во пукањето што се случи вечерва во скопски Чаир каде беа ранети уште две други лица.
Јонуз е најстариот брат на Камер Идризи, кој исто така беше убиен пред една година, јавува 24 инфо.
Камер, кој во Бутел е познат како Камбер беше убиен на 13 мај лани на големиот верски празник Рамазан Бајрам. Мотивите за убиството засега не се познати. И Јонуз е убиен на неколку дена пред Рамазан Бајрам.
Камбер беше застрелан околу 21 часот на паркингот од социјалните згради во близина на крстосницата на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.
Тогаш настрада и Л.П.(24), кој почина во болница по неколку дена .
Двајцата биле во „голф 7“ кога дошол црн џип од кој пукале најмалку двајца со „калашникови“ испукале околу 90 куршуми.