Братот на Сашо Мијалков си дал отказ од Царинската управа

by fokus

Влатко Мијалков, братот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков пред една недела си дал отказ од Царинската управа, дознава Телевизија 24 од добро упатени извори во царината. Лични причини навел Мијалков во отказното решение како повод за неговото заминување.

Мијалков работел како советник на директорот на Царинската управа, но со промена на раководството во оваа институција тој бил прераспределен на работното место самостоен советник во управна постапка. ТВ 24 побарала став и од Мијалков зошто заминал од царината, но тој не одговорил на телефонските повици и СМС пораки.

Од Царина велат дека работниот однос на Влатко Мијалков во Царинската управа е престанат на негово барање.

Поврзани новости