Братот на починатиот ракометар на Бутел, Борис Тот се огласи преку социјалните мрежи револтиран од пишувањата на медиумите дека Денис бил нападнат пред да биде пренесен на Клиника.
-Им благодарам многу на господата новинари на ‘професионално’ завршената работа. Може да се срамите поради пласирање дезинформации во јавноста и ширење лаги. Денис почина од срцев удар, а не од било какви телесни повреди, тепачки и останати глупости кои беа пишувани во текот на целиот ден… Срамота на туѓа несреќа да се гради публиците!!!“ – напиша Борис Тот на својот фејсбук профил.
Според досегашните официјални информации, хрватскиот ракометар кој играше во Скопје кога бил донесен на КАРИЛ нема срцева реакција, но немал ни траги на насилство. Се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со детали за случајот.