Братот на новиот министер за финансии Бесими се повлече од пратеничката функција

by Фокус
Пратеникот на ДУИ Флорин Бесими се повлекува од функцијата со цел, како што образложи, за избегне можен судир на интереси при изборот на неговиот брат Фатмир Бесими за министер за финансии, како што вчера порачаа од Антикорупциската комисија.
„Особено сум горд што вашиот глас допринесе за реализација на најдобриот коалициски договор, што ние како политички субјект досега сме го имале, вклучувајќи ја идејата за прв премиер Албанец. Овој договор го оценија како историски сите релевантни албански политички фигури. Останувајќи убеден во принципите за еднаквост, правда, еднакви можности за сите, и почитувајќи ги во целост законите како и вољата на народот, изјавувам дека останувам доследен и го враќам мандатот на пратеник со цел да се избегне можен конфликт на интереси со мојот глас во собранието. Оваа одлука ја донесов на денот кога беа објавени имињата на кандидатите за министри на новата влада, која произлезе од гласот и слободната воља на граѓаните“, соопшти Бесими.
Тој посочи дека оваа одлука ја донел по предходна консултација и потполна координавија со претседателот Али Ахмети и најави дека се враќа во матичната служба како директор на тетовската клиника.

Поврзани новости