Ѓорѓе Мијатовиќ, помладиот брат на министерот во Владата на Босна и Херцеговина, Војин Мијановиќ, кој почина синоќа откако беше примен во белградскиот Ургентен центар, најверојатно починал под несреќни околности, пренесуваат српските медиуми.
„На игралиштето пред зградата каде што живеел наводно дошло до конфликт поради топка. Починатиот Ѓорѓе Мијатовиќ дошол дома и ѝ рекол на сопругата дека замавнал кон маж, изгубил рамнотежа, паднал и со главата удрил во бетон“, открива извор близок до истрагата. Според изворот, тој наводно имал епилептичен напад откако стигнал дома, по што бил префрлен на клиника каде починал.
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека и дало наредба на полицијата да ги идентификува учесниците на настанот и да ги собере сите потребни податоци и информации во врска со настанот.
„Обвинителството нареди обдукција со токсикологија на Ѓ.М. за да се утврди точната причина за смртта. Обвинителството во соработка со полицијата ќе ги расветли сите околности на овој настан, по што јавноста ќе да биде известена за понатамошно постапување“, се вели во соопштението на обвинителството.
Српскиот министер Ивица Дачиќ утрово изјави дека се работи на расчистување на случајот и дека сигурно не се работи за убиство, но се утврдува дали мажот починал како последица на конфликтот.