Братот на исчезнатиот Мартин Јовановски, по кој веќе петти ден трае потрагата во Егејското море, пред малку на Фејсбук објави фотографија од неговиот брат, непосредно пред да исчезне кај Посиди. Горан преку социјалната мрежа порача дека потрагата трае, но е со намален капацитет и дека е потребна поголема покриеност од воздух, копно и од вода.

– Ова е сликата направена од денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сеуште е во тек, меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата по мојот брат, слободно исконтактирајте ме.

Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика, објави Горан Јовановски на Фејсбук.

Денеска на Халкидики во напорите за лоцирање на 31-годишниот Мартин Јовановски влегоа воздушен дрон и куче трагач, објавија грчките медиуми. На петтиот ден од потрагата по Јовановски остануваат вклучени властите и волонтери.