Братот на Красниќи треба да издржи 14 години затвор во „Идризово“

by Fokus

Екстрадицијата на Бесим Касниќи, член на кондовската група предводена од Агим Красниќи била дозволена уште во март 2022 година. Министерството за внатрешни работи сега само ја реализираше.

Ова се последните информации што ги доби „Фокус“ од Министерството за правда откако МВР соопшти дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Македонија четириесет и четиригпдишниот брат на Агим Красниќи.

Тој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам и спроведен е во затворот „Идризово“.

Според информациите на „Фокус“ од затворот, тој треба да издржи две затворски казни од шест и осум години, односно вкупно 14 години, а досега не издржал ниту една.  Ова се последни информации за затворската казна на Бесим, иако на некои потерници стои дека се бара за издржување на казна затвор од 28 години и шест месеци.

Екстрадицијата следува откако на почетокот на месецот косовски медиуми објавија дека Красниќи и уште тројца негови соработници се уапсени во Урошевац.

Но, во притвор заврши само Бесим Красниќи, иако со меѓународна потерница се бараат и главниот Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи кои исто така беа уапсени во Урошевац.

Според официјалните информации од правда, за двајца од оваа група се води постапка за екстрадиција, додека за едно лице во 2020 година Косово ја одбило екстрадицијата бидејќи имал косовско државјанство.

Но, официјално засега никој не открива дали токму Красниќи има косовско државјанство и за него е одбиена екстрадицијата.

Фросина Факова-Серафиновиќ

Поврзани новости