Домарот Мехемед Вукалиќ во средата наутро со пиштол дошол во училиштето и ги убил директорката на Гимназијата, Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан. Тоа е невидена трагедија во Сански Мост, општина во Босна и Херцеговина. Редакцијара „24 часа“ го контактирала братот на чуварот.
– Да. Точно е дека се работи за брат ми. Не знам ништо за тоа. Појадував на балконот и го слушнав истото што го слушнавте. Јас сум згрозен. Во последно време не се ни дружиме, не знам што се случи со него. Не знам што му се случило на училиште, прашајте ги нив или некој што работел со него. Нормално беше еден од подобрите, беше верник, никому не му нанел зло до сега, не знам што би рекол. Не знам што се случи со него, во голем шок сум. Знам дека беше уреден, но не знам што се случи, изјави братот на чуварот кој го изврши тројното убиство.
После тоа се обидел да си пресуди, но преживеал. Тој моментално се наоѓа во болницата во Бања Лука, а последните информации говорат дека е во свесна состојба.
Нијаз Халиловиќ, директор на гимназијата „Сански мост“, беше советник во општинскиот совет, но и кандидат за нов мандат на претстојните локални избори во Сански Мост, кои треба да се одржат во октомври годинава. Исто така, Халиловиќ беше долгогодишен функционер на СДП во општината.
Меѓу загинатите е и професорката по англиски Гордана Нижан, а од неа на социјалните мрежи се збогуваат многу ученици.