Братот на Арсовска и непознато женско лице се скарале за паркинг, таа обвинува дека и го скршил мобилниот

by Fokus

Братот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, Д. Ј.  бил пријавен во полициска станица од женско лице поради недоразбирање за паркинг место.

Исто така, тој истовремено истиот ден кога се случил настанот ја пријавил Т.М. дека физички го нападнала.

На 09.10.2023 во 12.35 во СВР Скопје Д.Ј. пријавил дека на паркинг на хотел во Скопје бил физички нападнат од женско лице поради недоразбирање околу паркинг место.

Исто така, Т.М. во СВР Скопје пријавила дека била нападната од машко лице, кое и го скршило и мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, се наведува во одговорот од МВР.

И.М.

Поврзани новости