Полицијата до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција завчера поднесе кривична пријава против С.Ш. (25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б.(51) двајцата од Р. Србија и Б.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“.
-Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 07.09.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш.(25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б.(51) двајцата од Р. Србија и Б.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“ казниво по член 418-г став 1 и 2 од Кривичен законик, информираат од МВР.
Имено, првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3000 евра преземал дејствија за склучување на присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак.
Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.