Брат претепа сестра, скопјанка нападната од сопругот – семејно насилство во главниот град

by irena 16:00
16:00

Полицијата информира дека во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје и околината биле пријавени неколку случаи на семејно насилство.

Вчера околу 01:30 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.А.(27) затоа што агресивно се однесувал кон неговата 37-годишна сестра и ѝ упатувал закани.

Истиот ден, околу 13:30 часот таа пријавила дека на претходната вечер околу 22:30 часот била и физички нападната од нејзиниот брат, кој ѝ го оштетил и возилото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

Синоќа, пак, во 20:30 часот во СВР Скопје, 45-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Б.А.(51) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во СВР Скопје, 30-годишна жена пријавила дека околу 17:30 часот во домот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот сопруг Ж.Ј.(35) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Денеска во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со И.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека вчера околу 18:00 часот во домот физички го нападнал неговиот малолетен син.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Слични вести