Новите измени на составот на владата се резултат на „Пазар 3 коалицијата“, а не последица на стабилен договор за развој на Македонија. Новите измени се да се одржи историски најнеспособната влада во вештачка кома, на апарати, и да се спасат бизнисите и тендерите за уште некој месец повеќе, а не да се подобри очајната состојба во која се наоѓа земјата поради неспособноста и криминалот на дуото Ахмети-Ковачевски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање.
– Додека со месеци се договараат, луѓе умираат поради недостиг на лекови, инфлацијата се зголемува, имаме студена војна со Бугарија, по предложениот состав јасно е дека не договарале квалитет, туку договарале бизниси и тендери, потенцираше тој.
Стоилковски истакна дека во состојба кога Собранието се уште не знае дали постојните министри се разрешени или сами си даваат оставка, новиот предлог на Ковачевски е срам за Македонија.
-Така министер за правда се предлага братот на осомничениот за убиство на Дилавер Бојку. Негова па заменик ќе биде Викторија Мадиќ, кадар од СДС за се, поранешен прв секретар на градот Скопје, за време на поразениот Шилегов, која во јавноста беше позната како новиот Рашковски, бидејќи фирмата на нејзиниот зет добива тендери од над 4 милиони евра од државни институции. Ете братот за осомничен за убиство, и екс секретар на градот попозната како новиот Рашковски сега се луѓето кои ќе ја водат правдата во Македонија. Ова е доказ дека државата е во распаѓање и дека оваа влада единствено го има мандатот за крадење од Ковачевски и Ахмети, но не и легитимитет од народот, нагласи Стоилковски.