Брат ми има бизнис во туризмот веќе 20 години и нема никаква врска со политиката. Деловниот простор на улица „Македонија“ го купил со хипотекарен кредит од 100 илјади евра на негово име од друго физичко лице, тврди првиот вицепремиер Артан Груби во „Само интервју“ на Канал 5.
Според ВМРО-ДПМНЕ, брат му на Груби купил деловен простор со површина од 127 м2 кој вреди и до 500.000 евра и го праша Груби од кај му се на брат му парите.
Груби не кажа за колку пари го купил брат му просторот но кажа колку зел кредит бидејќи киријата во сегашниот дуќан му се зголемила од 800 до 1500 евра.
Тој го повика обвинителството да отвори истраги и за купувањето на дуќанот и за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, дека фирма блиска до Груби и неговиот брат ги баждарела бензинските пумпи.