601
Поранешниот претседател на државата Бранко Црвенковски денеска слави јубилеен, 60 роденден.
Неговите сопартијци и пријатели, му го честитаат роденденот,и преку роденденските честитки му порачуваат да биде погласен во неговите настапи во јавноста.
„Среќен роденден на Претседателот Црвенковски, мојот учител и пријател!
Да славите уште многу јубилеи, да Ве има почесто и погласно“, напиша на фејсбук професорката Ана Павловска Данева.