Бранко Црвенковски на дебата дали е можно побрзо членство во ЕУ

by Fokus

Денеска во Скопје ќе се одржи интерактивна дебата на тема „Северна Македонија меѓу Отворен Балкан и Берлински процес: можно ли е побрзо членство во Европската Унија?“ во организација на Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори во соработка со кабинетот на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски.

На овој настан обраќање ќе имаат поранешниот претседател Црвенковски и поранешниот амбасадор и претседател на „Советот на амбасадори“, Мухамед Халили.

Учество на дебатата ќе земат и амбасадори, универзитетски професори, пратеници, поранешни министри, бизнисмени, членови на стопанските комори.

Поврзани новости